0 коментари 2 мин. читање 15 декември, 2015

Корисниците бараат хуманоидна Cortana со која би разговарале

Microsoft би можел да креира верзија на својот асистент Cortana во човечка големина за HoloLens. Не станува збор за физички робот, туку за дигитален лик на Кортана од Halo која ќе одговара на барањата на корисникот. Иако веста не е официјално од Microsoft, хуманоидна Cortana е едно од најпопуларните барања на корисниците на Share Your Idea страницата. Идејата е одлична и во моментов е на второ место според гласовите зад можноста за креирање на 3Д преглед за League of Legends. Идејата зад Cortana e на корисникот LookItsKris, а освен 3Д изгледот треба да функционира подеднакво како софтверот за телефон или десктоп.

Во меѓувреме Cortana конечно е достапна на iOS и на Android и функционира речиси подеднаквo како на Windows Phone. Cortana ги знае истите информации како и Google Now или Siri, и може да го следи распоредот на корисникот, да го извести за следниот состанок или пат, за времето или за спортски настан – буквално секој интерес на корисникот. Најголема предност пред Siri и Google Now е отвореноста за податоците кои Cortana ги знае за корисникот. Сите се сместени на едно место во Notebook, па корисникот може да избрише некои од податоците, но и да додаде нешто. За разлика од Windows Phone, корисниците нема да можат да ја „разбудат“ Cortana со Hey Cortana, но тоа и не е преголем проблем.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top