Франција се обидува да биде AI-гигант, претседателот Макрон има план

во ИТ.ЕУ

Едно е сигурно, со самиот избор на Емануел Макрон, Франција доби поинаков претседател од претходните. Претседателот сакаше да ги привлече стартапите во Франција, а со Брегзит виде можност да стане нова омилена дестинација на многу стартапи.

Сега Франција има нов план, да стане развоен центар за вештачка интелигенција. Француската влада веќе има и план. Инвестиција од 1,5 милијарди евра во овој сектор. Со овие средства Франција нема да стане инстант лидер, но секако ќе помогне да ги стигнат САД и Кина кои се лидери во овој сектор.

Г. Макрон секако не е осамен во размислувањето за најважниот придонес кој ќе го донесе вештачката интелигенција.

„Најверојатно здравство, ќе се придонесе за персонализирана и превентивна медицина и третман. Имавме неколку иновации кои сум ги видел неколку пати досега; со подобро предвидување и анализа, можеби ќе можеме во иднина да ги спречиме заболувањата или подобро да ги лечиме“, вели г. Макрон во интервју за Wired. „Второто поле најверојатно е мобилноста. Автономните возила ме импресионираат“, додава г. Макрон.

Сепак она што најверојатно најмногу импресионира е познавањето на темите за кои зборува. Ова секако не е често кога политичарите се во прашање.

„Сметам дека вештачката интелигенција ќе ги дисруптира сите различни бизис модели, тоа е следната технологија која ќе го диструптира пазарот. Сакам да бидам дел од неа. Ако не, само ќе бидеме подложени на ова нарушување без создавање нови работни места во оваа земја. Значи тоа е каде што сме“.

Целото интервју со претседателот Макрон, прочитајте го на Wired.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments