Над 800 милиони долари тежат лажните кликови од мобилни телефони само во првите 3 месеци на 2018 година, јави AppsFlyer.
„Кога се во прашање мобилните измами никој не е имун, ниту огласувачите, ниту апликациите, ниту мрежата“, вели компанијата.
Истражувањето кое го направија опфати 6.000 апликациии инсталирани 10 милијарди пати. Штетата која е направена на огласувачите е проценета помеѓу 700 и 800 милиони долари. Злоупотребата во првите три месеци од 2018 година е 30% повисока од просекот во 2017 година.
Годината започна со „device“-фарми како најголеми причинители на штета, за веќе во февруари да бидат надминати од ботовите. На 22% од апликациите, кај 10% од апликациите пронајден е софтвер кој се користи за лажни кликови.
Најзафатени со измамите се апликациите за е-трговија на кои отпаѓаат 275 милиони долари од загубите. Зад овие апликации следат: видеоигрите, финансиите и апликациите за патување…
Генерално, телефоните на Apple се поотпорни на злоупотреба, но ова не е случај за сите измами. Така, „click flood“ напади се почести од уредите на Apple. Сите други напади се почести од Android телефони, што според бројот на уреди и не е баш некое изненадување.