1 коментар 1 мин. читање

Безбедносен пропуст во Drupal остава милион страници подложни на напад

Креаторот на Drupal ги предупреди сите администратори на веб-сајтови креирани со нивниот CMS дека е пронајден безедносен пропуст.

Пропустот овозможува активирање на код од далечина, кој напаѓачите може да го користат за напад на Drupal страници. Теоретски секој посетител може да ја хакира страницата. За среќа, веќе има решение како да се надмине проблемот, јави креаторот на Drupal.

Решението е следно и наверојатно дел од администраторите веќе го очекуваа:

  • За страниците на Drupal 7.x надградба на Drupal 7.58
  • За страниците на Drupal 8.5.x надградба на Drupal 8.5.1
  • Верзиите на Drupa 8.3.x и 8.4.x се неподдржани од развивачот, на ако корисникот инсистира на нив треба да ја надгради верзијата на  8.3.9 или на 8.4.9.

Безбедносниот пропуст ги зафаќа и Drupal 6.x страниците, но за оваа верзија развивачот не нуди решение. Администраторите на страница на Drupal 6 треба да пронајдат решение на Drupal d6lts.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top