Франција повикува на блокирање на пиратските стримови

во ИТ.ЕУ

Францускиот министер за култура повика на отстранување на страни кои стримаат пиратска содржина. Ова е со цел да се намали епидемијата на пиратирани содржини за онлајн стрим на видео, јави TorrentFreak.

Барањето на министерот е да се овзможи блокирање од интернет провајдерите, пребарувачите и рекламните агенции.

Министерот за кумтура на Франција, г.  Франбсоа Нисен побара од државата блокирање на домените кои стримаат пиратирана содржина. Франција има ригорозен закон за P2P споделување на содржни. Така, ако законот се прекрши неколку пати прекршителот може да биде казнет со забрана за пристап до интернет.

Речиси истовремено со оваа најава на министерот, неколку компании во неврзан настан јавија дека ќе го тужат Set TV. Дел од компаниите кои ја тужат стриминг платформата се Amazon и Netflix. Причината за тужба е што Set TV на корисниците им продава содржини за кои ги нема платено правата за емитување. Поточно, Set TV овие содржини ги краде, ги реемитува, а за тоа зема пари од корисниците.

Тужителите бараат Set TV да престане со работа и да исплати 150 000 долари за секоја украдена содржина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments