Европската Унија минатата недела донесе сет мерки со кои значително ќе се зголеми заштитата на „свиркачите“.
Она што ќе го овозможат новите мерки е значително поробусна заштита на свиркачите кои пријавуваат нелегална активност. Предвидена мерка се и безбедни канали за споделување на овие податоци со властите. Дополнително, во идинина на свиркачите ќе им биде заштитено и работното место, а ќе бидат заштитени и од прераспределба на нови, пониски работни позиции.
Секако мотивацијата за ова доаѓа директно од куп скандали кои и не толку одамна ги пријавија токму свиркачи: од Luxleaks и Panama Papers, па се до последниот скандал со Cambridge Analytica. Податоците излегоа благодарение на свиркачи кои ја загрозија сопствената безбедност.
„Многу скорешни скандали немаше да бидат откриени ако инсајдери не собраа храброст да проговорат. Но, тие беа под огромен ризик. Затоа сакаме подобро да ги заштитиме свиркачите. За да може подобро да ја детектираме штетата врз јавниот интерес: измама, корупција, затајување на данок или штета врз луѓето и животната средина“, вели Франс Тимерманс, заменик претседател во Европската комисија.
Законот ќе помогне за заштита на свиркачите во повеќе области. Од финансиски сервиси, перење на пари и финансирање на тероризам, па се до заштита на корисниците и јавно здравје.
Иако начелно рамката е креирана, пред сетот мерки да стане закон ќе мора да биде изгласан во парламентите на државите членки.








Само морам да коментирам, иако и јас понекогаш се губам у преведување на терминологии, мислам дека подобро е да се користи разознавачи во овој случај.
Не знам, свиркачи ми звучи малце чудно.
А за коментар на темата, со либералците од ЕУ кои од една страна воведуваат добри закони што имаат врска со технологијата и дигиталната сфера – ко пример форсирање на Apple да се сменат во Type-C, супер, ама од друга страна не ги слушаат пиратските партии на Европа и воведуваат некои глупости кои на папир можда звучат супер демократски, ама во реалноста се само благевезална.
Какви проблеми има цел дигитален свет, они се фатија за заштита на разознавачи на многу забеган начин. Пример, кој би сакал пак да работи на исто место, откако отсвирил за нивните забегани ствари, за ЕУ да им го заштити правото на работно место?
Остајте ги либералциве, врска си немаат. На тој што веќе има информации за разознавање и е решен да ги објави, треба да си знае 101 дигитален свет.