Францускиот претседател бара поголема одговорност од Google и Facebook

Техничките веб компании како Facebook и Google треба да бидат одговорни за содржините на корисниците, бара претседателот на Франција, Франсоа Оланд. ИТ компаниите, според него, треба да се одговорни за говорот на омраза кој се објавува на нивниот сервис и мораат да бидат поодговорни. Затоа мора да се креира законска рамка која ќе овозможи компаниите да бидат казнети за последиците.

„Мора да дејствуваме во Европа, но и во целиот свет за да може да се дефинира законска рамка и платформите кои ги овозможуваат друштвени мрежи да бидаат соочени со своите одговорности како и со казните доколку не се однесуваат одговорно“.

Француските властинајавија посета на САД каде ќе се се сретнат со претставници на Facebook, Google, Microsoft и Twitter, а тема на разговор ќе биде токму законската рамка. Првата нацрт-верзија на законот ќе биде изготвена по овие разговори, а најавена е за следниот месец.

Законот е дел од мерките кои ги презема Франција по нападите врз сатиричниот весник Charlie Hebdo, а треба да ја засилат контролата врз радикалните групи.

За сега единствено се огласи Google, велејќидека „Имаме јасна пракса со која ги отстрануваме повиците за насилстви и говор на омраза од нашите платформи. Овие постови се отстрануваат штом корисниците или службите ќе не контактираат. Секогаш сме на располагање на Владата на Франција, доколку сакаат да се сретнеме да разговараме на оваа тема.“, вели портпаролот на Google за BBC.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk