Настанот Super Swarm Festival 2011, кој се оддржа во трговскиот центар Рамстор во Скопје за време на викендот, и за кој пишувавме пред една недела, ja постигна својата цел – повеќе од 291 корисници успешно ја отклучија Super Swarm значката, групно учествувајќи во првиот фестивал од ваков вид на Балканот.
„Потребни беа 250+ чекини во Рамстор а најголемиот број на луѓе чекирани во Рамстор во еден момент достигна 291 чекина. Тоа беше повеќе од доволно сите што се чекираа да си ја добијат значката и да ги ги искористат попустите и подароците кои беа обезбедени за сите оние што ќе се чекираат во Рамстор во периодот од 13:00 до 16:00 часот.“, објавија организаторите на официјалниот сајт Swarm.mk.
Организаторите на собирот се погрижија на корисниците да им понудат еден куп поволности во продавниците и кафулињата во Рамстор како добивање на бесплатна Swarm.mk маичка со направена сметка од 500 денари во било која продавница во трговскиот центар, попусти за компјутерска опрема, доделување на Grouper вредносни купони во висина од 200 денари за првите 40 корисници, ваучер во вредност од 500 денари за извршена нарачка во продавницата на Топ Шоп, 100 MB бесплатен интернет со времетраење од еден месец за сите корисници на Vip оператор кои ќе ја отклучат значката и многу др.
Во продолжение неколку фотографии од настанот…








Автор – чекина, чекирања, чекини не постојат во МК јазик. Интерпункција – запирка, пред спротивните сврзници како во случајот "а".
што е тоа "чекина"???
Чекирања :)