Организацијата Mozilla, која стои зад неколку проекти меѓу кои како најпопуларен би се издвоил прелистувачот Firefox, е на чекор да го изгуби договорот со Google, од кој организацијата оствари околу 85% од своите приходи во 2009 и 2010, што значи околу 125 милиони долари годишно.
Популарниот интернет прелистувач Mozilla Firefox оваа година се соочи со многу предизвици – изгуби неколку клучни вработени, загуби големи зделки со корпорации, изгуби дел од својот пазарен удел и се соочи со огромен пораст во пазарниот удел на својот конкурент Chrome, чиј удел од под 5% на почетокот на годината достигна 18%. Бројките се според официјалната статистика на компанијата Net Market Share.
Според она што ние го забележавме преку посетите на IT.com.mk во последнава година, споредбено со 2010, Firefox има намалено присуство, односно пад од 54.38% на 42.88%, додека Chrome како омилен прелистувач во 2011 на нашите посетители, има пораст од 30.07% на 45.57%. Internet Explorer исто така забележува пад, од 7.67% во 2010, во 2011 е користен од страна на 5.55% од посетителите.
Договорот помеѓу Mozilla и Firefox е склучен во 2008 година, кога допрва беше подготвуван Google-овиот прелистувач Chrome. Договорот важеше до ноември, 2011 година, но сеуште нема одговор од двете страни и неизвесно е дали ќе има продолжување на соработката.
Доколку Firefox го изгуби овој клучен договор, што до некаде е и логично сценарио земајќи во предвид дека Google се повеќе внимание посветува на својот Chrome, ќе се соочи со доста проблеми од финансиски аспект што ќе ја примора организацијата да преземе драстични чекори доколку не најде соодветен партнер кој ќе може да и помогне во остварување на приход.
Дали Firefox ќе ја изгуби битката со Google и Chrome, останува да видиме во следната епизода од “Војна на веб прелистувачите”…
еве ви и трета статистика, сосема различна: http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a2/Wikimedia_browser_share_pie_chart.png/630px-Wikimedia_browser_share_pie_chart.png
http://www.internetnews.com/blog/skerner/mozillas…
Тешко дека ова фаќа место …. Гугл нема никогаш да му 'раскине' на ФФ
Our search relationship with Google remains positive for both of us. We are in active negotiations and have nothing further to announce at this time. We have every confidence that search partnerships will continue to be a strong and growing generator of revenue for the foreseeable future. – Цитат од Mozilla
Кај мене на мојот сајт е сосема друга статистиката, Firefox го прави партали на Chrome: http://i28.lulzimg.com/6b696ecfe8.png
a koj e tvojot sajt?
http://www.best-moviez.ws
Инаку статистиката беше за месец Ноември 2011.