0 коментари 2 мин. читање 28 јуни, 2013

Foursquare сега ќе ви дозволи да ги чекирате и своите пријатели

Корисниците на Foursquare отсега ќе можат да ги чекираат и своите пријатели, но ќе мора да имате дозвола од нив за тоа. Досега можевте да ги спомнувате пријателите кога се чекиравт,е но не и да ги чекирата, па корисниците користеа трети апликации за да го направат ова.

Отсега ќе може да ги селектирате пријателите и да ги чекирате во локалите но ќе мора да почекате за тие да го потврдат чекирањето. Ова е добродојдена вест за помрзеливите пријатли кои сега ќе можат да одберат само „потврди го чек-инот“ наместо да поминуваат низ целиот процес на чекирање.

Можноста за зедничко чекирање со пријателите е една од работите кои биле најбарани од корисниците, пишуваат на својот блог креаторите на апликацијата. Поедноставувањето на чекирањето би требало да овозможи поголем број на корисници да ја се чекираат со апликацијата, а со тоа ќе порасне и интересот, за и онака веќе популарниот сервис.

Апликацијата е достапна за преземање од Google Play и App Store.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top