YouTube работи да го намали „лагот“ меѓу пуштањето и стартувањето на видеото

4 коментари 2 мин. читање

YouТube работи на технологија која значително ќе го намали времето потребно од притисок на копчето play до почнувањето на видеото. Токму ова е една од причините за сегментираноста на видеото, технологија која покрај ова помага и за побрза промена на резолуцијата, пишува Gizmodo.

Денеска секој пат кога ќе кликнете врз видеото прелистувачот најпрво ја отвора страната, па го симнува Java Script, видео плеерот кој го бара и го презема видеото и конечно започнува репродукцијата на содржината која сте ја одбрале. Првата работа која YouТube ќе ја направи ќе овозможи паралелно извршување на пример на JavaScript и CSS со што ќе се намали времето. Покрај паралелно процесирање, брзиот интернет сега овозможува и претходно вчитување на видеата со што ќе се намали времнето од play до почетокот на видеото на 200ms.

Успехот на технологијата зависи од тоа колку Youtube ќе успее да ги предвиди следните видеа кои сакате да ги гледате, а со тоа и навремено да започне да ги вчитува видеата. Youtube веќе започна со делови од оваа технологија, за почеток сите видеа се сегментирани, па сега промената на резолуцијата во текот на репродукцијата оди без застој. Така на пример резолуцијата на првиот сегмент може да биде 480р, доколку вашиот интернет е побрз, ќе може да се префрли на 1080р, а ако пшочнете да симнувате фајлови YouТube динамички повторно ќе ја намали резолуцијата на видеото.

Друга новина е вчитување на видеата на кој сте одбрале „гледај покасно“, а намената е исклучиво за паметните телефони. Наместо долго вчитување на видеата на бавни мрежи сега, телефонт ќе ги преземе видеата додека се полни и е закачен на WiFi, а „протокот“ кога го гледате видеото ќе биде за прикажување на реклами или за проверка дали видеото е достапно.

Технологија е веќе достапна за Android, за десктоп е најавена за 4 јули, а iOS верзијата сè уште нема дата на достапност но се очекува дека ќе биде наскоро.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top