Прв поглед на 5-инчниот LDK N920e

13 коментари 4 мин. читање

(Ова е гостинска рецензија на Olikomerc како што е познат на форумот на It.com.mk. За дискусија, други детали, повеќе слики и прашања, повелете на форумот.)

Во оваа рецензија одблиску ќе се запознаеме со еден од многуте нови модели на паметни телефони кои ни доаѓаат од Кина, и кои се повеќе и повеќе изненадуваат како со своите можности и перформанси, така и со хардверот. Веќе не се оние кинески копии кои излегоа на пазарот пред околу 5-6 години за по 50-ина евра, и на кои не работеше ништо како што треба, туку станува збор за доста солидни телефони, со приближни перформанси на моќните модели на HTC, Samsung, LG и други, па така очекувајте и нешто повисоки цени. Поточно, овдека ќе се потрудам што е можно поопширно и реално да го опишам следниов модел LDK или Star N920eкој би требало да е копија на HTC Butterfly.

Спецификации

  • Дисплеј: 5.0″ HD IPS 1280 x 720 pixels, Capacitive Touch
  • SIM: Dual SIM Dual standby
  • Мрежа: WCDMA 2100/1900/850 (HSDPA 3G) and GSM 850/900/1800/1900
  • Процесор: MT6589, Cortex A7 1.2GHz Quad-core high-speed processing platform
  • Графика: PowerVR SGX544
  • RAM: 1 GB
  • Меморија: 4 GB вградена и поддршка за MicroSD картичка до 32GB
  • Друго: Bluetooth: 2.0 +EDR, Wireless AP (Mobile AP), WIFI, FM Radio, GPS+AGPS Navigator, G-Sensor
  • Камера: Back 8 Mpix AF and Front 3 Mpix, flash light
  • Оперативен систем: Android 4.2 Jelly Bean
  • Батерија: 1800mAh
  • Тежина: 218g
  • Пропорции: 160×82,5×9,7cm
  • Цена: ~14.000 денари.

Пакување

Комплетот вклучува телефон, силиконска футрола, две батерии, полнач, слушалки, усб кабел, кратко упатство на македонски јазик. На прв поглед кога го отпакував се изненадив. Телефонот на изглед е ептен добар, а исто така и изработката. Тоа што е во бела варијанта го прави елегантен. Изработен е од квалитетна тврда пластика, и задниот капак е ептен јако прицврстен, го отварав 5 минути за да не оштетам нешто, за да му ставам SIM картичка и да го уклучам. Инаку, заради големиот 5 инчен дисплеј делува доста гломазно во рака и треба да се работи со двете раце.

На предната страна долу се стандард 3-те копчиња, средното Home копче и другите две функциски и сите се на допир. Кога се притискаат светат во нежна портокалова боја. Горе десно е предната камера која перфектно работи во Skype видео повици, која кај други бренд телефони се случувало да не проработи, т.е. Skype да не ја препознава.

Од левата страна се копчињата за јачина на звук, а од десната страна копчето за вклучување и исклучување. Од горната страна има 3,5 мм приклучок за слушалките, а од долната страна е USB и приклучокот за полнење.

Еве и некои споредби со друг поголем 5,7 инчен модел и со ZTE Blade 3 Pro, како и со други мобилни телефони за да имате претстава за неговата големина.

Да напишам и неколку реченици околу неговото користење и функционалност. Тачот работи одлично, дури и при најмало нежен допир реагира, нема сецкање, нема кочење. А и не би смеело да има со оглед на процесорот со 4 јадра. Високата HD резолуција од 1280×720 пиксели и IPS дисплејот овозможуваат перфектен приказ на текст, фотографии и видеа. Нема проблеми при работење на јака дневна светлина, а секако може да се зголеми и светлоста, така да мобилниот просто зрачи со неговиот голем екран.

При телефонирање не наидов на никакви проблеми, се си работи како што треба, има одличен прием, и одлично се слуша соговорникот, а и од другата страна добив неколку позитивни критики дека звукот бил одличен. Мора да го пофалам и WiFi сигналот кој кога го вклучив кај мене во населба ми најде еден куп мрежи, а истите се на поголема оддлаченост од мене на околу 100-150 метри и тоа со обичните Speedport рутери на Tелеком без некои надворешни антени. Исто и од мојот рутер се имав оддалечено на 100-ина метри и фати без проблем 2 цртки и работеше брзо. Веб сајтовите ги отвара и вчитува инстантно без чекање, слики и анимации прикажува одлично без сецкања, исто така и видеата на Youtube.

Симнав десетици апликации од Play Store и сите работеа перфектно. И во поглед на системски подесувања располага со сите опции како на пример едноставно вклучување или исклучување на Data Transfer од SIM картичката (т.е. да не ви троши мобилен интернет), потоа детален преглед на потрошен сообраќај (било мобилен или преку WiFi), и нормалните нагодувања за приказ на позадини, теми, мелодии, и разни други персонални подесувања. Околку јачина на звукот, си има одличен звук не е претерано јак.

За камерата, исто така вади солидни слики, на дневна светлина и во простории со сенка, додека во ноќни услови е малку послаб.

Тестирање

Подолу е бенчмарк со AnTuTu и споредба на резултатот со други телефони:

Благодарност до Anhoch за отстапениот модел за тестирање

Напишано од

Хардвер ентузијаст и долгогодишен член на форумот на It.com.mk каде е попознат како <a href="http://it.com.mk/forum/index.php?members/olikomerc.3235/">Olikomerc</a>.

Коментари

13 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top