Foursquare овозможи чекирање од настани

1 коментар 1 мин. читање

Според 4sq, едно од најчестите чекирања на локацискиот сервис доаѓа токму од настаните, и дека корисниците не сакаат да споделат локацијата на која се одржува настанот, туку сакаат да споделат дека се на настан, на концерт, кино, на натпревар.

Сега Foursqure ќе овозможи да се чекираат од настани. За да го овозможи ова Foursquare ќе соработува со ESPN кои ќе споделат информации од натпревари, со MovieTickets кои ќе даваат распоред на филмови кои играат во одредени кина, и со Songkick кои ќе споделуваат информации за концерти. Овие три партнери би им донеле настани на 50.000 локации.

За жал, бидејќи настаните доаѓаат од партнерите, не од корисниците, изборот на настани за чекирања ќе биде лимитиран и, сега за сега, ќе биде само во САД.

Но! Foursquare на крај од својот блог пост, како надополнување очигледно поттикнато од коментари на корисниците, додаде дека „размислуваме за настани креирани од самите корисници, но сакаме да го направиме тоа како што треба“.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top