ЈП Улици и патишта овозможи пријавување дупки по телефон и Веб. А што стана со Поправи.мк?

во ИТ.МК

Јавното претприjатие Улици и Патишта стартува проект „Пријави дупка“ нудејќи им на грaѓаните 24 часовна можност да се јават на 15 300 или преку нивниот веб сајт да пријават дупки на скопските улици. ЈП Улици и патишта вели дека дека ова ќе допринесе до поголема комуникација со граѓаните и ќе овозможи транспарентност во работењето.

Идејата на ЈП Улици и патишта е добра, корисна. Но и веќе реализирана. Веќе постои наградена мобилна и веб апликација наменета токму за оддржување на околината, на улиците, на парковите, клупите, кантите за ѓубре…

Поправи.мк е веб и мобилна апликација која го освои првото место на Android натпреварот на Vip.

Од ЈП Улици и патишта велат дека не знаеле за Поправи.мк и не се запознаени со апликацијата, барем не додека не им се јавивме да ги прашаме што мислат за неа. Добри вести е што сега ЈП Улици и патишта и Поправи.мк ќе се сретнат на состанок за можна соработка.

Предноста на Поправи.мк е што ги користи Google Маps за мапирање на проблемите, и овозможува испраќање на фотографија. Покрај тоа нуди и анонимност за тие што се срамежливи. Исто така Поправи.мк е мобилна апликација, значи може да се пријави проблем на лице место. Поправи.мк иницијално беше започнат како независен проект, креиран од двајца програмери, а сега е поддржан од Фондацијата Метаморфозис кои ќе помогнат да се овозможат соработки со општините и за промоција на сервисот.

„Планираме на есен да направиме мала промоција и да седнеме на маса со претставници од општините затоа што скоро пуштивме и нова верзија со подобрување во комуникацијата меѓу граѓаните и општиниве. Нашава администрација е комплицирана, ама се надеваме дека ќе мрдне целата работа.“, вели Диме Пашоски, креаторот на Поправи.мк.

Од друга страна, можеби во Македонија луѓето се понавикнати да се јавуваат на телефон, бидејќи изнервирани од дупката, одејќи по импулс веднаш би завртеле телефон, отколку да се стрпат да се вратат дома и да пополнат формулар.

И двата сервиси се кориснии. Сите сме за поеколошка и поздрава околина во која живееме, дури и ако се работи само за дупки по улиците. Што мислите да се спојат двата сервиса? Едниот би добил веќе подготвена мобилна апликација, другите би добие признание и соработка со јавен сервис.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
8 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
/
/
1 year ago

Линкот не работи веќе 1 година и повеќе … Срамота, Брука Банана држава со мало д.

trackback

[…] како и останатите. Поправи.мк; Види, пријави, поправи; Пријави дупка се само дел од апликациите кои ја имаа истата […]

Gjoko Pargo
10 years ago

И уште нешто… соросоидите ли застанале зад апликацијата?!?
Пријателчиња од it.com.mk не се будалете! Ќе испаднете во најмала рака смешни. Заборавете било каква соработка се додека лустрираниот не ги тргне неговите канџи од проектот! …а можеби и потоа, оти стигмата овој проект засекогаш ќе си ја влече! :)))))

Viktr Ars
10 years ago
Reply to  Gjoko Pargo

Поправи.мк и Метаморфозис не се во никаква поврзаност со IT.com.mk. Ова е само известување за тоа што се случува во контекстот на користење веб сервиси за општо добро. „соросоиди“ и „вмровците“ не не интересираат. :)

Бојан
Бојан
10 years ago
Reply to  Gjoko Pargo

Се надевам дека еден ден ќе сфатиш дека таа твоја партиска заслепеност нема да те одведе никаде. Во времето кога ти буквално си одел во градинка, истата таа Сорос фондација во Скопје го помогна излегувањето на едно од првите Македонски списанија за компјутери (и ред други списанија и весници). Во тоа време беснееја војни (за кои ти си слушнал од постарите) културата пропаѓаше, затоа што единствено исплатливо беше голиот бизнис. Какви се тие глупости што ги тропаш, каква “стигма” ќе влече апликацијата ако ја поддржи Метаморфозис, ЗАРЕМ ИЗВОРНИОТ КОД на апликацијата ќе биде “злокобен” ако има таква поддршка? Ти препорачувам да се занимаваш повеќе со ИТ отколку со политика, затоа што само лошите програмери и стручњаци бараат сопствена реализација преку политичките партии. Тоа е шљамот на струката.

Никола
Никола
10 years ago

Не е проблемот во начинот на известување за настанат дефект, туку во волјата да за поправи. Е туку не помага апликација! До одговорноста е!

Јонче шетачот
Јонче шетачот
10 years ago
Reply to  Никола

Богами, така е.

Веќе две недели како наидувам на „извор“ од земја, изгледа од пукната водоводна цевка, позади последна 23ка – блика ли блика! Досега загубитеод вода и пари, ми е страв да пресметам.

Прв импулс ми беше да пријавам, ама ај реков, да видам до кога ќе трае – па инструментите не им јавуваат ли дека има пад на притисокот во мрежата? И тоа континуирано?… Луѓето во зградиве наоколу, луди ли се?!

Не разбирам…

Vladimir Martinovski
10 years ago

Исправете во насловот и во текстот, не е УЈП него е УИП. Управа за Јавни Приходи се занимава исто со дупки ама од друга природа :))