0 коментари 1 мин. читање

Foursquare 3.0 со таб со препораки и нови титули

Новина е Explore табот кој го прашува корисникот каде сака да оди, пример по храна, пијачка или продавница и потоа му сугерира места блиски до него. Сите сугестии се базирани според корисничките пријатели и нивните чекирања.

„Со години сакавме да изградиме енџин за препораки за реалниот свет со претварајќи ги сите чекирања и совети што ги видовме од вас, вашите пријатели и поголемата foursquare заедница во персонализирани препораки.“, вели основачот Денис Кровли во блог пост.

Foursquare воведува уште неколку титули покрај „градоначалник“, пример за лојалност и специјалист за чекирање со повеќе луѓе во едно место, Newbie специјалист за прво чекирање и Flash специјалист за некој што ќе направи нешто прво и специјално тој ден. Ова ќе им овозможи на локалните бизниси да понудат повеќе понуди зависно од титулите.

Вратена и leaderboard таблата Што прикажува колку поени се собрани тој ден наспрема вашите пријатели.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top