Анализа во реално време со Facebook Insights

Аналитичките податоци за копчето „like“ ќе ви покажат колку пати корисниците виделе такво копче, колку пати кликнале на едно, колку пати ja виделе „лајканата“ содржина или колку пати кликнале на истата за да дојдат до вашата страна. Во идентични графикони како овие на сликата за „лајкови“ можете и да добиете аналитички податоци за коментарите, односно за тоа колку пати корисниците го виделе местото за коментари, колку пати оставиле коментари, колку пати виделе содржина на која е коментирано на Facebook и колку пати кликнале на истата за да ја видат на вашата страница.

Facebook ја проширија и листата на Популарни страници односно, сега може да видите 100 страници (содржина) која најмногу е „лајкувана“, коментирана и споделувана. Ова може многу да ви помогне во идентификување на најпопуларната содржина на вашата страница, со што ги идентификувате вашите адути кои привлекуваат повеќе публика. Со поголема листа, имате повеќе контрола на содржините кои се популарни, проширувајќи го спектарот на вашето делување.

Демографските аналитички податоци кои ви ги овозможува Facebook се: пол, возраст, држава и јазик, а податоците се собираат не од корисник, туку од интеракција, што значи дека ова се податоци колку од интеракциите се случиле во опсегот на некоја демографска карактеристика, а не колкав број корисници всушност биле интерактивни на страницата.

Исто така, Facebook Insights им нуди аналитички податоци и на оние кои не користат некои од Facebook социјалните додатоци, но само колку пати биле споделени линкови до вашата страница на статуси и кориснички ѕидови. Како можете да се поврзете видете овде.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments