Football Manager 17 – една од најочекуваните ноемвриски игри

Доколку ја посетите Steam страната за Football Manager 17 ќе забележите две интересни работи. Прво, играта веќе има стотици рецензии. Второ, 70 проценти од рецензиите се негативни. Првата работа е како директен резултат од желбата на Sega да овозможи предвремен пристап до играта за сите оние кои ќе ја нарачаат FM17 пред нејзиното официјално излегување.

Негативните рецензии се највеќе поради тоа што Sega одби да воведе кинеска локализација и разлути еден куп кинески гејмери кои решија да ја тестираат теоријата дека нема ништо помоќно од перото и почнаа да плукаат по играта со зашеметувачки интензитет. Поради ова, ние би ве советувале да ги игнорирате повеќето рецензии на Steam страната затоа што доаѓаат од погрешно место и не ја оценуваат играта туку начинот на кој Sega третира група гејмери. Издавачите, меѓутоа, побрзаа да ветат дека се работи на преведување на играта на кинески јазик и дека, иако немаат дефинитивен датум, локализацијата ќе биде имплементирана.

Надвор од драмата, Football Manager 17 ви нуди над 2.500 вистински фудбалски клубови и над 500.000 вистински фудбалери за менаџирање. Gamegrin и доделува оценка од 95 и вели дека ова е најдобрата игра од серијалот, а The Games Machine, со оценката од 90 поени, само се надоврзуваат со констатацијата дека играта се одликува со ново ниво на длабочина и вештачка интелигенција. Trusted Reviews и доделуваат иста оценка од 90 и признаваат дека не е лесно да се подобри нешто што е совршено, а IGN Italia и дават 85 и велат дека FM17 не е револуционерна игра, но е и понатаму препознатлива по истoтo ислучително забавнo симулирање. Моментно, најниската оценка од 70 поени доаѓа од PC Powerplay и иако рецензентот вели дека играта е најдобра од серијалот и од жанрот, сепак новитетите се премногу мали за да ја оправдаат целосната цена.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk