0 коментари 1 мин. читање 20 декември, 2012

Flipboard е достапен и за Android таблет компјутери

Популарната апликација за прегледувана персонализирана содржина, Flipboard, конечно пристигна и на Android таблет компјутер. Апликацијата е достапна за Android уште од мај, за iOS пак е достапна од пред две години.

Вестите од популарните медиуми и друштвените мрежи во таблет верзијата сега се распределени пропорционално, оптимизирано според големината на екранот, и се прикажуваат повеќе вести на екранот. Интересно, ако не ви се допаѓа како што е дизајнирана за таблет компјутерот, апликацијата има опција да се вратите на phone modе.

Flipboard вели дека оптимизираната верзија за Nexus и Galaxy таблет компјутери била најбараното нешто од корисниците. Според нив, Google и Samsung се главните двигатели на се поголемиот пазар на Android таблет компјутери. Апликацијата е бесплатна и достапна на Google Play.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}