Facebook може да прави над 10 милијарди долари годишно

Facebook ќе забележи приходи од 12 милијарди долари во 2016 година. Најголем дел од приходите, 80 отсто ќе бидат од рекламите, кои компанијата им ги прикажува на корисниците на друштвената мрежа,  проценува Виктор Ентони од  Topeka Capital Markets.

Рекламите и останатите услуги, ќе и донесат 5 милијарди долари на компанијата оваа година, а предвидувањата се дека во секоја наредна година сумата ќе се зголемува за 1,5 милијарди долари.  Доколку Facebook не воведе некоја нова супер популарна услуга која значително ќе ја смени процентуалната застапеност, еве ги останатите  услуги од кои команијата ќе забележи приходи.

  • Уплати: Засега најголем дел од овие средства доаѓаат од  корисниците кои играат игри на друштвената мрежа. Иако засега со овој оддел владее Zynga, се повеќе игри, но и се поголемата популарност на  „социјалните игри“ може да донесе и поголема заработка во овој дел.
  • Спонзорирани приказни: Првите реклами на друштвената мрежа кои ви сугерираат текстови.
  • Спонзорирано пребарување: Засега во зародиш, но ако во иднина Facebook успее да се етаблира како пребарувач, заработката од спонзорирани резултати во пребарувањата би можела да донесе дополнителен приход.
  • Facebook берза на рекламен простор: Компаниите и Facebook во заедничка соработка им нудат на корисниците услуги кои тие претходно ги пребарувале.
  • Понуди: Екслузивитет за друштвените мрежи, секогаш кога некој корисник ќе искористи некоја понуда, информациите се шират и на неговите пријатели.
  • Промовирани постови: Полесен начин за компаниите да се претстават пред корисниците, преку споделување на содржина на дрштвените мрежа брендовите ќе можат полесно да се претстават пред корисниците.
  • Реклами од мобилни апликации: Според споделените податоци Facebook заработува од половина до три долари секој пат кога корисникот ќе кликне на апликацијата.
  • Рекламирање на таргет групи: Иако Facebook не заработува пари од ова подобро рекламирање ќе значи и поголема доверба во рекламирањето на друштвена мрежа, а тоа ќе и донесе повеќе пари на компанијата.
  • Препорачани постови: Засега во тестирање.
  • Реклами при одјавување од друштвената мрежа: Најголем број од брендовите се решаваат за овие реклами, иако цената на рекламата достигнува до 700.000 долари. Microsoft, Ford, Samsung и Netflix се само дел од компаниите кои се рекламираат на 36 милиони корисници кои дневно се одјавуваат од јавни комјутери.

Покрај приходи од овие услуги не смее да се заборави можноста команијата да изнајде и некој друг начин со кој би можеле да профитираат од своите милијарда корисници.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments