Flickr, друштвената мрежа за споделување фотографии која брои над 6 милијарди фотографии од 51 милиони корисници, ги објави најдобрите 18 фотографии закачени на сервисот во 2011-та. Фотографиите се изберени од уредништвото на Yahoo US, кои се сопственици на Flickr од 2005-та.
Најдобрите изберени фотографии се од најактуелните настани што ја одбележаа 2011-та. Фотографиите се од револуциите на Средниот Исток, од популарни настани како Кралската свадба или последен лет на Space Shuttle, како и од природни катастрофи како земјотресот во Јапонија.
Manifestation Tunisie 2011 #5 by papacamera

















