0 коментари 1 мин. читање

Популарната мобилна игра Cut the Rоре стартува дигитален стрип

Не верувам дека корисниците на паметни уреди ја немаат сретнато или играно Cut the Rope барем еднаш. Играта со слаткото и секогаш гладно зелено Om Nom има над 1.6 милиони играчи дневно! Вкупно, од симнувањата од Android и iPhone, играта е симната 60 милиони пати, што е значителна бројка, но споредена со конкурентните Angry Birds и скоро десет пати помала.

Сега за да ја зголеми популарноста, и секако приходите, креаторите на играта, рускиот ZeptoLab, стартува и дигитален стрип. Бесплатниот стрип може да се симне од iTunes.

Играта може да ја симнете и на iTunes и на Android Market.

[youtube]b2azcp6yg94[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top