0 коментари 1 мин. читање 20 декември, 2011

WordPress 2.0 за Android има нов UI и е оптимизиран за таблет компјутери

Новата 2.0 верзија на WordPress апликацијата за Android има нов интерфејс, поедноставно едитирање на блог постови и може да се користи на таблет компјутерите како Motorola Xoom или Asus EEE Pad.

Платформата за блогирање го претстави новиот Dashboard интерфејс кој треба да го олесни едитирањето на блоговите преку мобилен, и кој има нова плава трака која ги прикажува новите коментари. Има нов Action Bar кој помага побрзо префрлување меѓу блог постови и има нови опции за форматирање на текст.

QR code for http://market.android.com/details?id=org.wordpress.android WordPress во блог пост вели дека интерфејсот и едиторот за текстови се оптимизирани за таблет компјутери за полесен преглед. На таблет компјутерите страните и коментарите ќе бидат прикажани на листа од левата страна, додека текстот ќе биде прикажан на поголемиот дел од екранот.

Апликацијата може да се симне од Android Market.

[youtube]7RBz_6Cly5s[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top