Овој текст е дел од серијалот „ФИТР грантови” во коj што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија на последнитe повици за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.
ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот, и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.
компанија | име на проектот | ФИТР ко-финансирање (ЕУР) | сопствено ко-финансирање (ЕУР) | вкупен буџет (ЕУР) |
---|---|---|---|---|
ПЕРПЕТУУМЦОДЕ ДОО | СМАРТ ДЕНТ | 29.150.00 | 5.300.00 | 34.450.00 |
Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… Кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти и сл… Или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?
Perpetuum Code е компaнија основана во септември 2018 година. Нашето портфолио на услуги се состои од спроведување на IT системски решенија и IT технологии наменети за комплетна бизнис трансформација на компаниите.
Основањето на оваа компанија се крие зад идеjата наречена Смарт Дент. Смарт Дент е прва стоматолошка платформа за опслужување на пациенти и стоматолошки клиники (доктори, вработени). По основањето на Смарт Дент ја создадовме „King Media“ која работи како професионална агенција за изработка на графички дизајн, професионална фотографија како и за изработка на веб страници.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?
Со проектот подржан од ФИТР целта е да се развие Смарт Дент платформа (мобилна апликација и веб страница) која ќе овозможи ефективна комуникација и закажување прегледи, помеѓу пациентите и нивните стоматолози. Примарната цел на платформата Смарт Дент е да ги поврзе пациентите и стоматолозите на ефикасен, интуитивен и самоодржувачки начин. Добивката од овој проект е да се користи мобилен уред (паметен телефон/таблет) или веб страница за да се воспостави двонасочна комуникација помеѓу пациентот и стоматологот како и иновативните функции во однос на локализацијата на ординациите, нивно портфолио, системот на препорака (кој ќе го известува пациентот што, како и кој стоматолог да го избере) систем за oценување и други алатки за социјални медиуми.
Дополнителни иновативни карактеристики на Смарт Дент платформата се создавањето на алгоритам кој самостојно ќе го пронајде и извести следниот пациент кој чека на ред, дека неговиот термин е презакажан или може да дојде порано доколку претходниот пациент го откаже својот термин, како и креирањето на обемен систем за извештаи (Reporting) кој ќе вклучува најразлични извештаи за стоматолозите и менаџерите – во врска со дневни, неделни, месечни посети на пациентите итн.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?
Проектот е веќе година време во развој и ќе се развива во следните минимум две години. Дел од платформата е веќе достапна за јавноста и може да се користи.
Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?
Поддршката од страна на ФИТР е од големо значење при развојот на овој проект. Со средствата од ФИТР ќе се обезбеди доволно време и средства за развој на нашата платформа како и воспоставување на тим кој ќе биде целосно посветен за развојот на оваа платформа. Со помош на средствата од ФИТР создадовме Смарт Дент платформа со различни модули, како што се: модул на пациент, модул на стоматолог и модул на сервер/администрација.

Дали производот/услугата што планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?
Моментално Смарт Дент е наменета за домашен пазар, откако ќе се развие на македонскиот пазар ќе го претставиме и промовираме на интернационалниот пазар. Нашата примарна целна група ни се пациенти, стоматолози и клиники.

Нешто дополнително што би сакале да додадете?
Бидејќи компанијата е во почетна фаза развојот на оваа иновација ќе ни овозможи преку професионален пристап за градење и унапредување на софтверот во знак на еден значаен дел од здравјето на граѓаните и тоа како ќе има удел во иден развој на стоматолошките услуги. Доколку оваа апликација стане глобална тоа ќе биде доказ дека ваквата платформа може да функционира и да стане темел-главна алатка за развој на нашите понатамошни апликации.