#ФИТРгрантови: Mony – Платформа за инстант плаќања и трансакции

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Овој текст е дел од серијалот „ФИТР грантови“ во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија на последнитe повици за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… Кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или сл… Или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Сајтех е основана 2017 година од страна на Александар Велков, со цел да развива софтверска технологија за финансиската индустрија и перењето пари. Во 2019 год, компанијата ја разви платформата Metricity, преку која можете да вршите проверки дали лицата се со сомнително минато, дали ги има на листи, да Ви јави аларм доколку нешто не е во ред и да Ви пресмета кој е ризикот некој да “испере“ пари преку Вас. Metricity е наменет за институциите кои треба да се усогласат со Законот за спречување на перење пари, како и за оние кои сакаат да се заштитат и да си ја задржат својата репутација. Истиот продукт е поддржан од ФИТР во рамките на Стартапувај 1.

Во овој момент имаме клиенти од различни бизнис индустрии и тоа:

  • Друштва за управување со инвестициски фондови
  • Друштва за сметководство
  • Адвокатски Друштва

А поради Ковид-19 пандемијата, имаме договори кои се во мирување или воопшто не со почнати и тоа со Спортски Обложувалници, Финансиски Друштва и Друштва за Ревизија.

Во 2020 година, како ко-сопственик во Сајтех влезе и One Inside, софтверска компанија од Швајцарија.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Во рамките на Стартапувај 2, добивме финансии за Mony – Платформа за инстант плаќања и трансакции. Сите кои имаме банкарски сметки и имаме пари на нив, преку Mony ќе можеме парите да ги користиме на нов иновативен начин. Нема да имаме потреба од банкарски шалтер, нема да имаме потреба од картица или е-банкарсктво, едноставно сите овие работи ќе бидат овозможени од Mony. Ќе Ви треба само мобилен телефон или компјутер и да ја инсталирате Mony и сте спремни. Mony ќе работи 24/7 и нема потреба од трчање за да не Ви затвори експозитурата, а доколку сте трговец нема да имате повеќе потреба од ПОС терминал, бидејќи преку Mony парите ќе ги имате веднаш на Вашата сметка, а не да чекате 1 или повеќе дена да “легнат “ парите од картичката.

Преку Вашиот мобилен телефон ќе можете да пратете пари на ваш пријател или член на семејството, ќе можеш да пазариш во супермаркет, да плаќаш во ресторан, театар, кино, јавен превоз, да подмириш режиски трошкови, а како правно лице ќе можеш да “пушташ“ плата, да плаќаш фактури, да ги наплаќаш твоите производи или сервиси. 3. Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста? Како тим ние веќе 3 години работиме на ваков проект од областа на Индустријата за Плаќања (Payment Industry) во САД, каде што имаме развиено платформа за скенирање на американски чекови за плаќање (US Paychecks) и истовремено вршиме порамнување на чековите како праткифајлови со депозитарни институции. Позадинската платформа Ни е поставена, и останува да ја прилагодиме како инфраструктура за Mony. За јавноста се очекува во првиот квартал на 2021год да имаме развиено првична мобилна верзија за крајни корисници, која ќе може да се инсталира на мобилните телефони и да се тестира.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Финансиите од ФИТР ќе ни помогнат за да ја развиеме клиентската апликација, првично мобилната апликација. Тука станува збор за дизајнот, корисничкиот интерфејс како и основниот сет на функционалности за да можете Вие како краен корисник да ја инсталирате на Вашиот уред и да си го олесните начинот на користењето на Вашите пари. Дополнително, нашиот тим ќе работи и на Mony верзијата за да можете да ја користите од компјутер, а главниот предизвик ќе биде да се постави инфраструктурата за комуникација со депозитарните институции, односно платната мрежа на народната банка и другите оператори. Особено акцент ставаме на безбедноста на податоците на корисникот и пристапот до неговиот профил. Тука ќе имаме повеќе слоеви на заштита и ќе ги следиме интернационалните стандард на Open Banking.

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Продуктот што го развиваме е наменет и за домашниот пазар и за интернационалниот пазар. Првично планот ни е да го лансираме на домашниот пазар, каде што има 440,859 сметки достапни преку ПС или друг уред за плаќања и извештаи според извештајот на Народната Банка, последно ревидирано на 03.12.2019. Овие сметки се во сопственост на Физички Лица – 87%, и Правни Лица – 13%, и на сите овие лица и бизниси ќе им го олесниме користењете на своите пари. Ќе овозможиме бесплатна апликација, трансакции без провизии и ќе можат да ја користат Mony 24 часа.

Нешто дополнително што би сакале да додадете? :)

Сакаме да ја подигнеме свеста кај луѓето во начинот на пристап и користење на финансиите. Луѓето и бизнисите кога ја планираат работната неделата или денот, наместо да велат денес или утре ми е ден за да “трчам“ по банки или финансиски институции, тоа да го прават преку технологија, преку нивниот телефон или компјутер. Модерните системи и уреди, дозволуваат да се развијаат алатки кои ќе Ви го олеснат животот и секако ќе заштедат пари и време.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk