1 коментар 2 мин. читање 27 јули, 2020

Garmin цел на ransomware напад, напаѓачите побарале 10 милиони долари

Корисниците на едни од најпопуларните додатоци за фитнес Garmin, од минатата недела немаат пристап до своите податоци. Причина за ова се хакерски напади врз сервисите кои ги нуди компанијата.

Причината за недостапност на сервисите е ransomware WastedLocker. Пристапот до сервисите на Garmin е недостапен глобално, јави BleepingComputer, чии извори потврдуваат дека малициозниот код е причина за проблемите.

ИТ одделот на Garmin се обиде да од далечина да ги исклучи сите компјутери во мрежата, но и домашните компјутери кои биле најавени на мрежата преку VPN. Откако не успеале во ова ги исклучиле единствено компјутерите кои можеле.

Неофицијално напаѓачот од Garmin побарал 10 милиони долари. Креатор на малициозниот софтвер е руската група Evil Corp.

„Во моментов имаме прекин што влијае на Garmin.com и Garmin Connect.

Овој прекин влијае и на нашите центри за повици и во моментов не сме во можност да примаме никакви повици, е-пошта или разговори онлајн. Работиме да го решиме ова прашање што е можно побрзо, се извинуваме за оваа непријатност“, вели компанијата набрзо откако сервисите на Garmin станаа недостапни.

Како последица на нападот корисниците на популарните уреди од Garmin не можат да ги синхронизираат своите активности.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top