Walmart во партнерство со Google ќе се обиде да го стигне Amazon

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Дали партнерството со Google и гласовниот асистент ќе успее да му помогне на Walmart да се врати како најголема продавница? Компанијата до неодамна беше лидер во продажбата, но промената на нaвиките на купувачите ги смести зад Amazon.

Соработката на овие два гиганти можеби најдобро ја покажува заканата која ја чувствуваат од Amazon. За Google освен можноста да го продадат Google Home, ова ќе биде нов обид да го оживеат Google Express. Walmart ќе се приклучи на продавниците кои ги нудат своите производи на Google Express.

Image courtesy of Random Retail / Flickr

Со новoто партнерство со Google, Walmart ќе им се приклучи на компаниите Costco, Walgreens и PetSmart. Производите на компанијата ќе можат да се купуваат со гласовна команда, нешто што е достапно на Amazon преку Amazon Echo и Alexa.

Една од причините поради кои Google влегува во ова партнерство е и растот на Amazon. Ако досега купувачите го користеа Google за да пронајдат некој производ, сè поголем е бројот на купувачи кои своите пребарувања за производи ги започнуваат на Amazon. Компанијата која заработува од реклами, секако, не може да биде задоволна од ова.

Дали партнерството на Walmart и Google ќе помогне во борба со Amazon? Најверојатно не. Amazon е првата локација која Американците ја посетуваат кога купуваат производи онлајн. Сегашното партнерство е повеќе за купувањето во иднината, вели New York Times. Google сака подобро да се запознае со навиките на купувачите и да им помогне за иднината на шопингот. Најголемиот дел од пребарувања за производи доаѓаат од мобилните платформи, а речиси 20% од нив се преку гласовните команди. Дури и со примената на технологијата, Walmart најверојатно никогаш нема да го стигна Amazon, но компанијата ќе се обиде да има силно онлајн присуство.

Партнерството ќе му овозможи на Google да ги разгледува купувањата на корисниците и да ги научи нивните навики. Со ова во иднина технологијата би можела дури и да предвиди што ќе купи некој корисник.

Google Express постои од 2013 година, но никогаш не излезе надвор од границите на САД. Купувачите имаа можност да се преплатат за 95 долари годишно на премиум претплата што носи бесплатна испорака. За разлика од Amazon, Google Express е сервис кој нуди производи, не од различни производители, туку од од различни продавници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] со технолошките ривали на Amazon. Компанијата веќе има договор со Google за продажба на производите на Google Express […]

trackback

[…] крајот на август сличен договор со Google потпиша и Walmart. Двете компании ќе го користат Google Express […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk