9 коментари 2 мин. читање

ФИНКИ го претстави својот суперкомпјутер

Македонија го доби најмоќниот суперкомпјутер со 1008 јадра, поставен во Лабораторијата за пресметување со високи перформанси на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Системот ќе се користи за истражување во пресмотководна хемија, физиката, сеизмологијата, метеоролофијата, геологијата, бидеомедицината и во производителната индустрија.

ФИНКИ ќе дозволи и компани и истражувачи да го користат овој систем за свои истражувања, креирања на прототипи и симулации на физички тестови, но за тоа компаниите ќе мора да докажат дека нивниот проект може целосно да ги искористи перфромансите на суперкомпјутерот. Kомпаниите можат да пријават интерес а користењето на суперкомпјутерот на hpgcc.finki.ukim.mk.

Овој суперкомпјутер ќе им дозволи на ФИНКИ да соработуваат со други слични истражувачки центри кои имаат суперкомпјутери од Јужно-европскиот регион. Соработката ќе биде пред се во размена на знаења, а целта за таа соработка ќе биде да се приклучат на европскиот PRACE проект кој ги обединува сите европски суперкомпјутери за истражувачка дејност.

Технички перформанси

HPC (High Performance Computing) системот се состои од 84 сервери, каде секој сервер има 2 процесори (вкупно 168) и секој процесор има 6 јадра (1008 јадра), односно вкупниот број на логички процесори изнесува 2016. Концептот на поврзување на овие блејд сервери е изведен преку Infiniband интерконекции со 84 посебни линкови.

Спoред потребите на Универзитетот, кластерот на системот ќе работи на Scientific Linux оперативен систем, додека споделениот склад е организиран со Lustre датотечниот систем. Предностите на овој датотечен систем е тоа што е предвиден за пресметки со високи перформанси и има отворено лиценцирање. Може да поддржи десетици илјади клиентски системи, податоци во ранг на петабајти (РВ) и проток од илјадници гигабајти во секунда(GB/s) – I/O проток. Според www.top500.org, 15 од 30 топ суперкомпјутери користат Lustre датотечен систем.

Системот е поврзан на независен уред за разладување, кој се наоѓа надвор од систем салата во која е сместен HPC суперкомпјутерот. Напојувањето на системот е реализирано преку UPS системи со голема моќност, кои се директно поврзани на трафостаница.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top