0 коментари 1 мин. читање 8 ноември, 2012

Тumblr претстави нова редизајнирана iOS апликација

Платформата за микро-блогирање Tumblr претстави нова редизајнара iOS апликација која сега е побрза, поинтерактивна и целосно native, односно е подобро интегрирана со останатите функционалности на iOS.

За Тumblr мобилното присуство е важно бидејќи со добра апликација им овозможуваат на 80-те милиони блогери брзо и лесо да постираат и репостираат содржина. Според Tumblr, дневно се споделуваат 69,8 милиони блог постови.

Затоа платформата се реши да го редизајнира почетната работна табла кој сега прикажува поголеми слиги кои побрзо се вчитуваат, подобри нотификации за кои постови им се допаднале на другите, поголеми профили со поголеми слики од блогерите со лични детали и функционалност за активни .gif фајлови.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top