0 коментари 1 мин. читање

Финалето на League of Legends има помал награден фонд, но многу повеќе гледачи

League of Legends на Riot Games со 100 милиони активни играчи без сомневање е една од најпопуларните игри на сите времиња. Затоа не е никакво изненадување што финалето во оваа игра е најгледаниот е-спорт настан оваа година. Дури 20.000 луѓе го следеа финалето во живо, во Staples центарот во Лос Анџелес, САД.

Старо-новиот победник во финалето е тимот од Јужна Кореа SKT, кој победи и во 2015. Во финалето нивен противник беше тимот на Samsung Galaxy. Сепак оваа година и финалето и полуфиналето беа неизвесни па мораше да се игра решавачки натпревар.

Паричната награда која ја поделија е 2 милиони долари. Ова е дури и помалку од сумата која ја освоија Evil Geniuses кои беа третопласиран тим на Dota 2 International. За разлика од Dota2 овде јужнокорејците имаат потполна доминација. Три од првите четири тима се од Јужна Кореја.

Она што е најинтересно оваа година е што сепак натпреварите се поизрамнети. Доколку ги пропуштивте, сите натпревари може да ги изгледате на Rock Paper Shotgun.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top