0 коментари 2 мин. читање 1 ноември, 2016

Препораките го направија своето, Google не може да постигне со порачките на Pixel

Дали поради недостатокот на вистински „flagship“, Android-телефон; дали поради ужасниот старт на Galaxy Note 7 или бидејќи станува збор за одличен телефон; Google не може да постигне со испораките на Pixel уредите.

Изгледа дека порачките на првите телефони од компанијата ги надминаа и најоптимистичките надежи на Google. Компаниjaта доцни со дел од испораките, а проблемот е толкав што Google се одлучи да им понуди „обесштетување“ на корисниците. Google на сите на кои ќе им доцни телефонот ќе им даде кредит од 50 долари кој може да го користат во Google Play.

Image: TechCrunch

Една од причините за побарувачката на телефонот е приемот од медиумите, кој го прогласија Pixel за најдобар телефон. Пораките од Google најпрво се појавија на социјалните мрежи и форумите, Google+ и Reddit.

„Воодушевени сме од возбудата предизвикана од Pixel уредите. Искрено нарачките ги надминаа нашите очекувања. Работиме на испораки нови телефони што е можно побрзо.“, вели портпарол на Google, за TechCrunch.

Во моментов нема ниту еден уред кој е на располагање во Google Store. Засега компанијата не излегува со бројка на продадени уреди, а ова ќе биде навистина интересна информација.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top