Продолжуваат проблемите на Ticketmaster по хакирањето

На крајот на мај 2024 Ticketmaster објави дека е жртва на хакерски напад. Стотици милиони корисници на сервисот за онлајн продажба на билети за концерти се жртви на нападот, а нивните податоци се најдоа на продажба на скриениот интернет (dark web).

Денес, Ticketmaster испрати предупредување до своите корисници во Северна Америка да бидат внимателни со кражби на идентитет. Досега предупредување е испратено до корисниците на Ticketmaster од Канада, Мексико и САД.

Во хакерскиот напад се украдени податоци од 560 милиони корисници. Иако оттогаш помина повеќе од еден месец, и податоците се барем истиот период на продажба, корисниците првото официјално предупредување го добија оваа недела. Компанијата вели дека причина за доцнењето на известувањето е да не се наруши истрагата, пренесе BBC. Помалку поразително е што првите вести за нападот на Ticketmaster дојдоа од напаѓачите.

Цената за која овие податоци беа ставени на продажба е околу 500 000 долари. Продажбата ја иницира групата ShinyHunter. Дел од експертите велат дека групата е посредник која единствено ги продава овие податоци.

Украдени лични податоци

Хакерите во нападот успеале да дојдат до лични податоци на корисниците на платформата, но и до податоци за платежните картички. Украдени се основни податоци од жртвите како имиња и некои дополнителни податоци. Добра вест е дека податоците за платежните картички се заштитени. За жал, Ticketmaster не сподели податоци за тоа колку е безбедно криптирањето кое го користат.

Платформата на сите свои корисници кои се жртви на нападот ќе им плати сервис кој ќе ги следи нивните онлајн профили, вклучувајќи ги и сметките од платежните картички. Ако има сомнителни активности ќе бидат преземени неопходни мерки за зголемување на безбедноста.

Поштата која ја испратија до своите корисници  дојде со предупредување да бидат внимателни со имејл пораки кои личат како да доаѓаат од компанијата. Вообичаено кога се во прашање овие големи напади, во кои се крадат податоци на жртвите, напаѓачот се обидува со фишинг да ги измами жртвите да му испратат пари или да преземат некој малициозен софтвер. Понекогаш ова преземање на софтвер завршува со „ransomware“ напади во кој од жртвата се изнудуваат уште повеќе средства.

Бројот на жртви е поголем

Првичната претпоставка беше дека жртви на нападот се шпанската банка Santander и Ticketmaster. Како што поминува времето станува извесно дека жртвите се помногубројни. Цел на напаѓачите се над 160 компании корисници на Snowflake. Самите Snowflake не се хакирани, но напаѓачите успеале да дојдат до податоци од 10 компании. На средината на јуни криминалците им испратиле пораки на засегнатите компании во кои бараат исплата од помеѓу 300 000 и 5 милиони долари, јави Bloomberg.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments