0 коментари 2 мин. читање 22 август, 2017

Патент на Facebook покажува дека компанијата размислува за паметни очила

Најголемата друштвена мрежа би можела да претстави паметни очила. Станува збор за очила кои не се разликуваат од очилатa за читање или очилата за сонце, покажува патент кој го сподели ReadWrite.

Очилата за проширена или виртуелна реалност кои се достапни во моментов не може да се помешаат со обични очила. Основачот на Facebook, Марк Закерберг, не крие дека компанијата работи на лесни очила за проширена реалност. Очилата во иднина ќе ги заменат паметните телефони, смета г. Закерберг. Со оглед на ова размислување, не е изненадување што во 2014 година Facebook потроши 2 милијарди долари на Oculus. Ова според него ќе биде финална фаза од развојот на Oculus Rift. За жал, реализацијата на овој проект е прилично далеку.

Image courtesy of Facebook

Проширената реалност е следниот голем бум на технологијата. Речиси сите компании работат на проширена реалност. Microsoft го има HoloLens, Google ги има Glass очилата, Facebook го има Oculus. Листата нe завршува тука, најветувачките уреди доаѓаат од Sony и од HTC / Steam. Sony PlayStation VR Headset е и најпродаван уред за виртуелна реалност и над половина од очилата за виртуелна реалност доаѓаат за PlayStation.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}