0 коментари 2 мин. читање 13 април, 2011

Франција бара од веб сервисите да складираат кориснички лозинки?

„Законот ги врзува сајтовите за е-трговија, видео и музичките сервиси, како и веб мејл провајдерите да чуваат информации за корисникот.“, пишува BBC.

Според новите закони француските власти ќе побараат од веб сервисите да собираат дата бази од адреси, имиња и кориснички лозинки за во случај да им притребаат на полицијата, царината, даночни инспектори и социјалните служби.

Законот ќе подразбира веб сервисите да ги чуваат разните и лични кориснички информациите, посебно лозинките, скоро една година. Веб сервисите користат криптографската хаш функција за споделување на пасворди, каде корисничкиот пасворд се претвара во шифра која при повторно внесување се споредува со таа што е складирана, со што дури ни самиот веб сервис не ја знае корисничката лозинка. Ова е потребно бидејќи со чување на лозинките може да доведе до злоупотреба во случај на пропуст.

Франција е една од земјите со многу строги интернет закони, пример го имаат ХАДОПИ законот кој во пракса значи ако го фатат корисникот три пати дека споделува пиратерија ќе му забранат пристап до Интернет, па дури и ако е искористена негова Wi-Fi мрежа.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top