0 коментари 1 мин. читање 5 август, 2013

Feedly ги објави цените за Pro претплатите за своите корисници

RSS читачот кој најмногу доби од гасењето на Google Reader, од денес на своите корисници кои имаат платено за претплата им нуди неколку нови можности. Feedly Pro е достапен за 5 долари месечно, 45 долари за една година или 99 долари засекогаш.

Тоа што корисниците ќе го добијат со претплатата е: пребарување низ артиклите, односно низ архивата на своите RSS извори, HTTPS, Evernote поддршка – зачувувајте артикли со еден клик во Evernote и премиум поддршка.

Со новите приходи од компанијата која веќе заработува од огласи, ќе може побрзо да развиваат и воведуваат нови можности за своите корисници. Исто така, најавуваат дека во брзо време ќе бидат достапни повеќе можности за корисниците кои се претплатени, но и за тие што сервисот го користат бесплатно.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top