0 коментари 1 мин. читање

Dropbox за iOS доби автоматско закачување на фотографии

Dropbox ја надогради својата iPhone и iPad апликација, додавајќи нова опција која автоматски ги префрлува сите фотографии од уредите на серверот на облак. Оваа новина на Dropbox може да биде интересна за многумина, иако корисниците на iOS користат Apple iCloud складиште.

Откако ќе се активира опцијата, Dropbox креира фолдер Camera Uploads каде што ги складира сите фотографии. За ова Dropbox ќе додаде 3 GB дополнителен простор.

Ваквото автоматски закачување на фотографии од претходно е достапно за корисниците на Android и за десктоп компјутерите.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top