Fathom ја елиминира потребата од пишување забелешки за време на состаноци на Zoom

Avatar img-thumbnail img-circle

во Софтвер

Доколку често имате важни состаноци преку Zoom, тогаш сигурно и често се наоѓате во ситуации каде е потребно да запишувате најразлични работи. Одредени луѓе ги снимаат разговорите, па потоа ги преслушуваат, за да на крај ги прават забелешките. Нема ништо лошо во ова, но зошто три чекори кога може само еден?

Fathom ја елиминира потребата од пишување забелешки за време на состаноци на Zoom. Оваа бесплатна алатка за апликацијата Zoom не само што ги снима состаноците, туку и прави автоматска транскрипција, заедно со колекција од корисни опции за подобро истакнување и споделување на само-генерираните забелешки.

Секојпат кога некој ќе каже нешто важно за време на состанокот, со само еден клик го сместувате кажаното во соодветна категорија, како повратна информација, техничко прашање, позитивен коментар, увид и слично! Ова го правите онолку пати сакате за време на разговорот. По завршување на состанокот, добивате пристап до целосна транскрипција и снимка, каде се истакнати сите клучни моменти кои сте ги обележувале во реалното време на разговорот.

Потоа, Fathom ви дозволува да ги споделувате таквите извадоци од разговорот со вашите колеги, па дури и да ги испраќате преку Slack. На располагање имате и одличен пребарувачки енџин за лесно пронаоѓање на што се кажало и од кого. Ова знае да биде исклучително важно доколку постојано сте на zoom состаноци и имате соберено еден куп транскрипции.

За време на состаноците, Fathom ќе нуди статистички податоци за тоа колку и како зборувате, па дури и ќе ве нежно предупреди доколку само вие зборувате цело време и ќе ве охрабри да земете длабок воздух и да ја разбиете монотонијата со давање збор на некој друг учесник.

Бројни корисници кои го имаат проверено Fathom се исклучително задоволни од органската интеграција со Zoom, како и од опциите кои им дозволуваат конечно да се ослободат од макотрпната работа со правење забелешки. Имајте во предвид, меѓутоа, дека алатката ги собира корисниците преку листа на чекање и најверојатно не би можеле веднаш да започнете со нејзино користење. Исто така, транскрипцијата е можна само за учесници кои го користат англискиот јазик за комуникација.


Основачот кој стои зад Fathom Ричард Вајт. Претходно, Ричард има работено и на апликацијата UserVoice – софтверско решение за управување со повратни информации за најразлични производи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk