Јавна тајна: Џеф Безос е еден од првите инвеститори во Google

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Основачот на Amazon, Џеф Безос, е еден од најбогатите луѓе. Најголем дел од богатството ги должи на гигантот за е-трговија Amazon, но дури и да не го достигна тој успехот со Amazon, благодарение на своите инвестиции Џеф Безос денеска пак ќе беше еден од најбогатите луѓе во светот. Откако четири години работел од својата гаража на Amazon кој самошто почнал да зема залет, Безос истовремено инвестирал 250 000 долари во Google, интернет пребарувачот во кој првично никој не сакал да инвестира.

Во 2004 година кога Google излезе на берза Џеф Безос поседувал точно 3,3 милиони акции на компанијата, a вредноста на овие акции го прават 8,25 милијарди US долари побогат.

Како Џеф Безос инвестираше во Google?

Четири години пред да се сретне со основачите на Google, Сергеј Брин и Лери Пејџ, Џеф Безос во својата гаража започнал да работи на интернет продавницата која ќе го промени светот. Во следните години Amazon почнал да прави посериозни приходи и профит, а со тоа започнал и да се шири преку инвестирање во помали компании.

Во 1998 ја купија индиската компанија за испорака Junglee – инвестиција која на крајот се покажала како неуспешна, но во Amazon го донесе основачот на Junglee, Рам Ширам. Ширам и самиот инвестирал 250.000 американски долари во Google, а во истиот период тој ги советувал тогаш докторантите Сергеј Брин и Лери Пејџ, кои работеле на нов начин за пребарување по интернет – сегмент на пазарот кој не бил многу актуелен бидејќи фокусот бил на интернет маркетингот – односно продажба на банери на сајтови, а во интернет пребарувањето немало пракса и начини за заработка. Безос веќе слушнал за сервисот на Google, па така од Ширам побарал да го запознае со основачите…

„Се заљубив во Лери и Сергеј“, основачот на Amazon открива во интервју со авторот на книгата „Googled: The End Of The World As We Know It“, Кен Аулета.

Во овој период раните инвестиции во Google биле затворени, па Безос морал дополнително да ги убедува да ја прифатат неговата инвестиција. Почетокот на Amazon и фактот дека Безос веќе бил милионер, без сомневање помогнал да се убеди дуото да дозволи уште еден инвеститор. Тој веднаш инвестирал 250.000 долари, а во наредна рунда инвестирал уште 1 милион долари. Првите акции кои ги купил Безос ги платил 4 центи за акција.

Лери Пејџ, Сергеј Брин и дел од тимот на Google во 2008 – https://www.flickr.com/photos/jyri/2276819548/

Во моментот на излегување на берза на Google во 2004 година, Безос поседувал 3,3 милиони акции. Оваа инвестиција е дел од личното портфолио на Безос и не е дел од инвестициите кои како компанија ги правел Amazon.

Google и Amazon денес се конкуренти

Google и Amazon денес се помеѓу највредните компании во светот. Двете компании имаат повеќе сектори во кои се конкуренција една на друга. Веројатно сервисите во облак и домашните асистенти како Alexa и Google Home се двете најлесно препознатливи технологии во кои се преклопуваат интересите на двете компании. Интересно е што компанијата во чие основање самиот Безос помогнал, денес му е еден од најголемите конкуренти.

Основачот на Amazon e еден од најбогатите луѓе, веднаш зад Илон Маск. Вредноста на акциите и компаниите кои ги поседува е проценета на над 200 милијарди долари. Секако без акциите на Google немаше да биде многу посиромашен, но дури и така 8-те милијарди долари колку што би чинеле акциите денес се некаде 4% од вкупната вредност. Google не е единствен гигант во кој Безос инвестирал. Во 2008 година тој во рана фаза инвестирал речиси 15 милиони долари во Twitter.

Што се однесува до акциите кои Џеф Безос ги поседува во Google, со оглед на тоа дека се дел од неговото лично инвестициско портфолио, а не на Amazon, нема потреба за јавно споделување на овие информации, па така не може да се тврди дека истите ги продал, ниту пак дека се уште ги поседува.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk