YouTube воведува безбедносна опција

{mosimage} Google воведе опција за побезбедна содржина на YouTube. Тоа значи дека можете да го искористите „Безбедносниот мод“ на YouTube и да не добивате содржина која може да ве навреди, која е вулгарна или политички некоректна.

Земајќи в предвид дека YouTube e вториот најпопуларен пребарувач, оваа корисничка само-цензура може да биде корисна за родителите кои сакаат да си ги заштитат децата од несакана содржина која ја има на тони на видео сервисот.

Google вели дека филтерот не е 100%, но во секој случај функционира. Со вклучен „безбедносен мод“ коментарите ќе бидат скриени, бидејќи коментарите на YouTube се неверојатно глупави, а доколку посакате да ги читате дел од вулгарните зборови ќе бидат заменети со ******. Се уште треба да видиме како ќе функционира на коментари напишани на македонски или на кирилица.

Опцијата „Safety Mode“ се наоѓа најдолу на страната. Повеќе информации ќе најдете тука, или во видеото подолу. Во моментот опцијата не е достапна за сите корисници, но ќе биде целосно објавена во текот на денот.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk