0 коментари 2 мин. читање 22 мај, 2014

Farmarket е наградена битолска апликација за нарачка на свежи производи

Битолската Nova Solutions се враќа од Стокхолм со награда за второ место на натпреварот за апликации на Ericsson. Иако се уште е во рана развојна фаза, нивната идеја за апликација која ќе ви помогне да најдете свежи и локални прехранбени продукти, ги импресионираше Ericcson, потпалувајќи ги надежите дека оваа награда ќе привлече инвеститори кои ќе помогнат во лансирање на Farmarket на светскиот пазар.

Farmarket ги таргетира поголемите западни пазари каде е тренд да се купува свежа храна од локални фармери, наместо масовно производените спакувани производи; но ќе може да се користи и во Македонија и други помали пазари каде што има заедница составена од локални фармери и бизниси кои сакаат да соработуваат. Според Игор Мишевски, ко-основач на Nova Solutions, апликацијата има потенција за разни пазари, но првин ќе треба да се тестира со отварање соработка со фармерски организации и креирање на критична маса на корисници, по што, ќе биде објавена апликацијата.

„Примената на апликацијата е можна и во Македонија, така да во прво време на пример за ресторани кои веќе користат производи од определени фармери, можат истите да ги набавуваат преку апликацијата. Веќе имаме разговори со неколку потенцијални корисници инајпрвин истото ќе го тестираме како пилот проект. Генералниот опфат на апликација е глобалниот пазар и ќе се трудиме апликацијата да ја тестираме на повеќе локации“, објаснува Игор.

(Игор Мишевски и Гордана Мишевска, oсновачи на Nova Solutions на натпреварот во Стокхолм)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top