0 коментари 3 мин. читање 7 декември, 2022

Far Cry 6 Lost Between Worlds е содржително DLC со нова приказна, мапа, непријатели и оружја.

Најновото и последното DLC за Far Cry 6 излезе денеска и доколку сте расположени за продолжување на адреналинската акција, но во вознемирувачно извртена верзија на Јара, тогаш додатокот е само за вас!

Lost Between Worlds се одликува со нова приказна, „нова“ мапа и „нови“ непријатели и оружја. Причината поради која што ставивме толку многу наводници е затоа што зборот ново е отворен за интертација од многу аспекти. Имено, иако мапата е значително освежена и прикажува бизарна верзија на Јара, сепак се работи само за импресивен фејслифтинг на старата мапа. Паралелно со ова, новите непријатели се всушност истите стари непријатели само во поразлични скинови. Во поглед на гејмплеј механики исто така студиото играло безбедно и не се фали со драстични тектонски поместувања. Сево ова никако не значи дека додатокот е лош и доколку сакате уште од истото, тогаш ве очекуваат неколку часа од чисто блаженство.

Во Lost Between Worlds имате на располагање 15 уникатни и предизвикувачки рифтови. Во нив се борите против интердимензионални суштества се со цел да ги пронајдете изгубените фрагменти. Пред да започнете со „чистење“ на секој рифт, ќе можете да одберете какви оружја ќе користите, но и какви пристапи, односно од каде ќе појдете, дали ќе се прикрадувате и дали фокусот ќе ви е на брзина или ефикасна деструктивност. По завршување на секој рифт ќе можете да ја надградите вашата опрема и да ја пренесете во основната игра.

На располагање имате бесплатна пробна верзија од Far Cry 6 така да доколку сеуште не сте ја пробале оваа FPS игра, сега нема што да изгубите. Ветераните, пак, конечно можат да започнат нова игра, значително потешка, но со сите оружја и опрема пренесени од првата игра. На располагање имате и водич кој ви сигнализира што имате пропуштено.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top