Far Cry 5 кракната по само 19 дена

По сѐ изгледа, зад нас се деновите кога етички-оперираните мораа да чекаат со месеци за крак. Најновата игра на францускиот гигант Ubisoft беше кракната по само 19 дена од официјалното излегување.

Far Cry 5 се одликуваше со неколку слоеви заштита, но нити Denuvo нити EAC, нити VMProtect не успеаја да ја спречат кракерската група CPY да испорачаат целосно функционален крак до заинтересираните пирати. Чисто за споредба, претходната голема игра на Ubisoft, Assassin’s Creed Origins беше кракната по цели три месеци.

Веста за кракот беше пренесена на редит групата посветена за вести за кракнати игри. Членовите на заедницата работат на засебни пакети кои се помали во големина и го содржат само англискиот јазик. Таквите пакети ја инсталираат играат со претходно-интегрираниот крак, со што пиратот на брзи и лесен начин се здобива со игрива копија.

Често се случува да со идните надополнувања да се исправат безбедносните пропусти и кракот да стане нефункционален, а пиратите да играат застарена верзија на игра. Поради тоа, нека веста биде од информативен карактер. IT.mk не поддржува пиратерија.

Far Cry 5 излезе на 27.март и се продаде во 5 милиони копии само во првата недела.

Во случај да не сте сигурни дали да ја играте Far Cry 5, прочитајте го нашиот извештај на таа тема тука!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments