Најголемата друштвена мрежа, Fаcebook знае како ви оди врската пред вие воопшто и да размислите за љубовниот живот. Во период од 100 дена пред и по започнување на врската, друштвената мрежа препознава шеми во однесување на корисниците. Така бројот на постови на ѕидот на романтичниот интерес постојано се зголемува се до почетокот на врската, кога бројот на постови нагло се намалува.
„За време на првите 100 дена од почетокот на врската, забележуваме бавен но сигурен пораст на тајмлајнот помеѓу идната двојка. Кога ќе започне врската (0-ден), бројот на постови се намалува. Максимумот над 1,67 постови дневно го забележуваме 12 дена пред почетокот на врската, а минимумот 1,53, 85 дена по почетокот на врската“, објаснува Facebook.
Facebook забележува и промена во расположението на корисниците, па така броејќи ги позитивните и негативните изрази во постовите, друштвената мрежа забележува забележителен раст на расположението на почетокот на врската.
За креирање на оваа распределба Facebook ги зема во предвид единствено двојките кои во период од 11.4.2010 до 21.10.2013 ја објавиле датата на својата годишнина. Анонимизираните бројки се објаени во фебруари 2014-та година. Но, како што подоцна ќе забележи дизајнерот Арал Балкан, ова е пример како информациите се клучни за Facebook да се претстави како платформа за аналитика на корисниците. Друштвената мрежа овие податоци може да ги искористи за да започне со рекламирање на персонализирани продукти до своите корисници, без притоа тие да објават дека се во врска. Штом корисникот започне да се однесува по распределбата на графиците, Facebook може да им презентира производи кои им се предвидени за овие корисници.