Најголемата друштвена мрежа, Facebook, започна да ги прашува своите корисници дали некои од вести што ги читаат преку нивната плаформа се вистинити или лажни. Дел од корисниците јавуваат дека добиваат анкета на која треба да одговорат дали некоја вест е вистина или лага, јави PC World.
Засега е нејасен обемот на анкетираните, но и дали ова ќе биде единствениот начин на кој Facebook ќе ја проверува веродостојноста на вестите. Друштвената мрежа користи сличен метод и за отстранување на говорот на омраза и друга форма кој ги прекршува правилата за користење.
Дел од прашањата кои се поставени во анкетата за вестите се:
- Во колкав дел сметате дека насловот на линкот крие детали од сторијата?
- Во која мерка текстот користи наведувачки наслов и текст?
Одговорите кои може да ги даде корисникот се пет опции, од 0 кое покажува дека приказната е веродостојна, до 5 [to покажува фабрикувана приказна.
Она што е можеби изненадување за дел на корисниците е дека ниту еден од медиумите не е одбележан како вистинит. Така во овие први анкети корисниците одговараа за статии објавени во The Philadelphia Inquirer и Rolling Stone. Ова секако е прифатливо за приврзаниците на „сите лажат“ теориите, па можеби ќе помогне за подобар сервис од кој ќе бидат задоволни сите.
Причина за интереснот на Facebook за вистинитоста на приказните, доаѓа по обвинувањата дека се виновни за ширење на лажни вести на платформата, случај во кој Велес ја игра главната улога. Друштвената мрежа ги орфрли обвинувањата и објасни дека нема да може да цензурира статии. Сепак се чини дека сега се обидуваат да пронајдат некакво решение.
[…] а доказ за ова се и напорите на Facebook и Google да ги детектираат и да го забават нивното […]
[…] а доказ за ова се и напорите на Facebook и Google да ги детектираат и да го забават нивното […]