Volkswagen ја претстави новата платформа за мобилност, Moia

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ, Свет

Иднината на автомобилите е во автономијата и можноста за изнајмување на превоз како услуга. Германскиот производител Volkswagen ја претстави својата нова компанија Moia. Компаниајта е со седиште во Берлин и ќе биде фокусирана на сервиси за пренос на патници.

„MOIA е посебна компанија која е дел од Volkswagen групацијата. Ќе развива и продава сопствени услуги за мобилност, самостојно или во партнерство со градови и постоечки системи за транспорт. Слично и Group брендот ќе продолжи со развој на сопствени услуги. Фокусирани сме да бидеме дел од најзначајните глобални преносни услуги на среден рок. За ова мора да ги придобиеме најдобрите умови и технолошки стартапи.“, вели Оле Хармс директор на Moia.

Volkswagen не е единствениот автопроизводител кој работи на платформа за споделување на превоз. Компании како Ford и General Motors креираат партерства со Uber и Lyft за крерирање на вакви компании за превоз.

Прв проект на Moia, презентиран на TechCrunch Disrupt 2016 ќе биде електрична шатл програма. Електрични автомобили кои се повикуваат со апликација и можат да се користат како дел од јавен превоз. За разлика од такси превозор кој го собира патникот од било кое место, шатлот на Volkswagen ќе запира на станици, налик на автобуските.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk