Facebook воведува превод на 45 јазици, меѓу кои и македонски, српски и хрватски

Facebook ќе користи вештачка интелигенција за да преводува статуси на повеќе јазици, а со тоа и да ги отстрани пречките за маркетинг на клиенти кои можеби и не го зборуваат истиот јазик. На дури 50 отсто од корисниците на Facebook, англискиот не им е мајчин јазик, а новата алатка е наменета за допирање токму до овие корисници, вели Facebook. Превод е достапен и за неколку јазици од регионот помеѓу кои српски и хрватски, и македонски.

Сѐ започнува на вашата страница, најпрво напишете го статусот нкако што тоа нормално го правите, а потоа одберете „напиши пост на друг јазик“. Магијата започнува тука,  статусот автоматски се преведува на одбраниот јазик, вели We are social media. Ова се разбира значи дека компаниите ќе мораат да знаат на кои корисници сакаат да им се обратат и кој јазик го говорат.

translatefacebook

Целта на Facebook очигледно е да ја направи платформата поатрактивна за рекламирање. Со можност за превод компаниите ќе можат да испратат пораки до локална публика, иако преводите сè уште се далеку од совршени.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments