Филтрирањето на содржина станува неопходно на Facebook. Има само еден стрим каде се прикажуваат сите статуси од стотиците пријатели и уште толку фан страни кои се следат. Затоа Facebook ги престави Interest Lists, кои се обид да се реши проблемот со претерано многу содржина на едно место.
Овие нови листи ќе дозволат следење на статуси само од тие фан страни кои се групирани според категории. Така ако си направите листа за фан страни поврзани со фудбал, многу полесно, со еден клик, ќе ја издвоите таа содржина од хаосот на друштвениот фид и ќе прочитате тоа што ве интересираат.
Листите можат да бидат приватни или јавни. Доколку се јавни и други ќе можат да ги следат тие листи, и да ги прегледаат групираните фан страни. Доколку следите јавна листа или листа на пријател, најпопуларните статуси од таа листа ќе се пријавуваат и на вашиот стрим како потсетување. Листите можат и да се споделуваат.
Можеби ќе треба да посветите малку време во организирање на листите и групирање на фан страните, но можеби ќе ви се исплати доколку ја откриете содржината која ве интересира.








