Нема компромис во патент битките со Apple, вели Samsung

во Свет

Да се биде или не. Вака на кратко може да се објасни ставот на Samsung кој за корејските медиуми изјави дека Samsung ќе ги продолжи судските битки со Apple.

„Без компромис!“, решително изјави главниот за телекомуникации во Samsung, Шин Јонг-Кјун, за Korea Times. коментирајќи го предлогот од Apple да им се плаќаат лиценци од 5 до 15 долари за секој продаден уред.

Предлогот, сè уште не е потврден официјално, доаѓа од извори блиску до Apple, се однесува на Samsung и Motorola. Втората компанија претходно сугерираше на ваков договор за да се прекине со патент битките, но Apple тогаш не сакаше да чуе, најверојатно бидејќи покојниот Стив Џобс не сакаше да се помири со Android. Тоа што може да биде проблем за корисниците, е што плаќањето лиценци може да ги качи цените на Android уредите.

Samsung одговори остро на предлогот на Apple. Истиот ден кога беше претставен новиот iPаd, Samsung поднесе тужба против Apple, велејќи дека iPhone 4S и iPad 2 прекршуваат три нивни патенти. Дополнително да ја разгори битката Samsung испрати до медиумите спореба на својот нов Galaxy Note 10.1 со новиот iPad (види подолу).

Ставот на Samsung да не прифати компромис е малку ризичен, бидејќи претходно неколку европски земји накратко забранија да се продава нивниот таблет компјурет Galaxy Tab 10.1. Оваа забрана дојде по судските спорови со Apple кои го обвинуваат Samsung дека го копирал дизајнот на iPhone и iPad.

Од изјавата на г. Јонг-Кјун, се чини дека Samsung e решен да ја истeра правдата на виделина. Или пак можеби само сака да го искористи моментот што Apple ја промени стратегијата за да извлече подобра зделка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk