0 коментари 1 мин. читање

Facebook ви троши 15% од батеријата на телефонот

Дали би жртвувале дел од социјалниот живот за подолготрајна батерија на вашиот паметен телефон? Тестирањата покажуваат дека со бришење на апликацијата на Facebook, ќе може да го користите iPhone дури 15% подолго со едно полнење, вели Семјуел Гибс од Guardian, кој го користи Safari за да пристапи до Facebook преку веб, наместо преку апликација.

Ситуацијата е уште полоша на Android телефоните каде апликацијата на социјалната мрежа е одговорна за 20 отсто од капацитетот на батеријата. За ова да не биде крајот на проблемите, со бришење на апликацијата сите други апликации стартуваат 15 отсто побрзо. Отстранувањето на апликацијата заштедува и простор, бидејќи покрај 110MB за самата апликациjа, кеш-фајлот кој го прави е поголем од 400MB, што дури и на телефон со 16GB слободен простор не е занемарливо.

Сепак се работи за Facebook, кој доколку го имате на вашиот мобилен телефон, тогаш со сигурност и најмногу ја користите апликацијата. Кој би сакал да испушти слики од пријателите во замена за 15% од батеријата? И така ги полниме телефоните секоја вечер.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top