Илјадници го посетија Музејот на компјутерски вируси

0 коментари 1 мин. читање

За само еден месец, стотина илјади посетители го посетија онлајн Mузејот на злонамерен софтвер. На „изложените“ вируси им се отстранети можностите за уништување, но графиката и пораките се оставени, па може да видите што гледале корисниците додека вирусите им ги уништувале податоците, или уште полошо хардверот на компјутерот. Колекцијата е дело на безбедносниот експерт Мико Хипонен, а вирусите се од раниот период на компјутерите, од 1980 до 1990 година.

„Одбирав единствено сликовити и интересни вируси“, вели г. Хипонен. Неговиот омилен вирус од колекцијата е Casino, кој откако ќе им ги избришеше податоците на корисниците, им даваше една можност да победат во казиното и да ги добијат податоците назад. Изложбата е потсетник на едно друго време кога вирусите ги правеа индивидуални хакери, а не криминални групи и иако предизвикуваа штета, беа малку поинвентивни.

TECHNO

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед