0 коментари 2 мин. читање 11 јануари, 2010

Научете за Facebook приватноста со Privatnost.info

{mosimage} Privatnost.info е проект наменет за сите Facebook корисници кои сакаат да научат како да си ја зачуваат приватноста на друштвената мрежа.

„Шала на страна, приватноста е голема работа, посебно во денешницата на интернетот. Секој има пристап до сегде, и што сака може да објавува. Колку повеќе работи ставате на интернет, толку повеќе ја загрозувате вашата приватност. Но Facebook го има сериозно сватено овој проблем и ви нуди начини како да ја заштитите вашата приватност.“ вели Горјан Јовановски кој го изработи сајтот.

На Privatnost.info ќе најдете објаснување и совети за опциите за приватност на Facebook, од заштита на личните податоци, до заштита на слики, до информации како апликациите ги користат вашите информации, па до пребарување и блокирање. Сево ова е пропратено со слики и објаснувања.

Доколку имате прашања за проектот можете да го контактирате Горјан или да пишете во темата на форумот на IT.com.mk.

{mosimage}



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top